National Geographic го издвои Пореч како најпотценетиот бисер на Јадранот

Познатиот магазин смета дека овој истарски град нуди автентично медитеранско искуство, богата историја и врвна гастрономија, далеку од масовниот туризам.

Кога странските медиуми пишуваат за Хрватска, најчесто во фокусот се Дубровник, Сплит или Хвар. Сепак, National Geographic овојпат го насочи вниманието кон Истра и го издвои Пореч како еден од најпотценетите градови на хрватското крајбрежје.

Според магазинот, Пореч е вистинска медитеранска оаза каде посетителите можат да уживаат во автентична атмосфера, без метежот што е карактеристичен за најпопуларните туристички центри на Јадранот.

Во текстот се истакнува дека градот нуди уникатен спој на повеќе од две илјади години историја, римско и византиско културно наследство, како и богата гастрономска понуда која привлекува сè поголем број посетители.

Со ова признание, западниот брег на Истра добива значајна меѓународна промоција, а Пореч се позиционира како дестинација што вреди да се открие надвор од вообичаените туристички маршрути.

е-Трн да боцка во твојот инбокс