ВИДЕО: Маж нападна три жени со нож во Париз, две се тешко ранети

Полицаец кој не бил на смена го совлада напаѓачот, кој низ улиците со нож напаѓаше жени.

Маж во Париз, во близина на Порт де Клиши, нападна три жени со два кујнски ножа. Две од жртвите се тешко повредени. Информацијата ја потврди францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нунез. Напаѓачот бил совладан од полицаец кој во тој момент не бил на должност.

Нападот се случил во близина на Порт де Клиши, во Париз. Жртви се три жени на возраст од 19, 24 и 36 години. Две од нив се тешко повредени, изјавил Нунез пред новинари. Нападачот користел два кујнски ножа.

Нунез потврдил дека напаѓачот бил совладан од полицаец кој во моментот на нападот не бил на должност. Министерот го пофалил постапувањето, оценувајќи го како храбар чин.

Полицијата сè уште не може да ја потврди идентитетот на нападачот. Според Нунез, неговите изјави при апсењето биле неповрзани. Мотивот на нападот засега не е познат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс