Во Соединетите Американски Држави денеска се откажани 910 летови поради нарушувањата предизвикани од дефект на опремата во системот за контрола на летање. Според податоците на платформата за следење на летови и воздушниот сообраќај „ФлајтАвер“ (FlightAware), бројот на откажани летови продолжува да расте.
Поради истиот проблем, во саботата низ САД биле откажани повеќе од 6.400 летови, додека во петокот бројот надминал 9.000, пренесува Еј-Би-Си (ABC). Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во петокот наредила запирање на летовите на сите аеродроми во земјата поради дефектот во опремата на системот за контрола на летање. Одлуката ги приземјила авионите повеќе од четири часа и предизвикала сериозни нарушувања во воздушниот сообраќај.
