МВР поднела кривична пријава против четири малолетнички кои претепаа девојче во Ѓорче Петров

во два одделни настани, на 27.03.2026 и на 30.03.2026 година пријавените физички нападнале 13-годишна малолетничка

Министерството за внатрешни работи информира дека минатата недела (на 29.04.2026) Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднела кривична пријава против четири малолетнички (една 17- годишна и три 14-годишни) сите од Скопје,  поради основи на сомнение дека извршиле две кривични дела „насилство” предвидено и казниво по член 386 од КЗ.

Оттаму додаваат дека во два одделни настани, на 27.03.2026 и на 30.03.2026 година пријавените физички нападнале 13-годишна малолетничка, а видео запис и фотографии од настаните биле објавени на социјална мрежа.

„Кривичната пријава е доставена до ОЈО Скопје и се постапува согласно Законот за правда за децата. Во текот на утрешниот ден (05.05.2026), СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава и против родители на инволвираните малолетници“ велат од МВР.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни