Меконахи откри кој филм му носи најголем хонорар од авторски права и по 20 години

И покрај тоа што поминаа повеќе од две децении од премиерата, комедијата сѐ уште му носи најголем чек од авторски права.

Холивудскиот актер Метју Меконахи откри дека комедијата „Како да изгубиш дечко за 10 дена“ од 2003 година и понатаму му носи најголема заработка од тантиеми. Иако глумеше во бројни филмски хитови и драма-остварувања, актерот потврди дека оваа романтична комедија е убедливо најисплатливиот проект во неговата кариера, пред сѐ поради редовните исплати за авторски права кои не престануваат ниту денес.

Гостувајќи во поткастот „Happy Sad Confused“, Меконахи објасни дека овој филм има посебно место во неговата кариера, не само поради популарноста кај публиката, туку и поради финансиската одржливост. Според неговите зборови, во времето кога доминирале DVD-изданијата и кабелската телевизија, секој март добивал значителен чек од тантиеми поврзан со зголемената гледаност околу Денот на вљубените.

Актерот смета дека филмот режиран од Доналд Петри го има поставено стандардот за романтичниот жанр на почетокот од новиот милениум. Покрај овој наслов, Меконахи глумеше и во други познати остварувања од истиот жанр, како „Венчавка од соништата“, „Невољи со дечкото“ и „Сите мои поранешни девојки“, но ниту еден од нив не оствари таков долгорочен финансиски ефект.

Интересот за филмот не стивнува, а неговата колешка Кејт Хадсон претходно изјави дека е отворена за можноста да сними продолжение. Таа истакна дека сѐ зависи од квалитетот на сценариото и подготвеноста на двајцата актери повторно да се вратат на познатите ликови, иако официјален проект сѐ уште не е започнат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс