По јавниот апел на Меланија,МВР поднесе кривична пријава против нејзиниот татко

МВР поднесе кривична пријава против таткото на Меланија Цветковска по пријавите за семејно насилство. По последниот инцидент е пренесен во Демир Хисар.

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 56-годишниот П.Ц. од Куманово, осомничен за кривичното дело „загрозување на сигурноста“, откако неговата ќерка, физиотерапевтката Меланија Цветковска, јавно побара помош од институциите, тврдејќи дека со години семејството живее во страв поради неговото насилно однесување.

Според информациите од МВР, пријавениот подолг период, најчесто под дејство на алкохол, вршел психичко и физичко насилство врз членовите на своето семејство.

Последниот инцидент завршил со интервенција на полицијата

Како што соопшти МВР, на 11 јули тој психички ја малтретирал својата сопруга и се обидел физички да ја нападне. По интервенцијата на полицијата, бил пренесен во Психијатриската болница во Демир Хисар.

Меланија јавно побара помош

Во видео објавено на социјалните мрежи, Меланија Цветковска изјави дека не бара сожалување, туку итна реакција од институциите.

Таа тврдеше дека нејзиниот татко бил хоспитализиран во психијатриска установа во 2019 година, а повторно и минатата година, но дека семејството повеќепати добивало одговор дека нема услови за негов нов прием или дека неговата состојба не е доволно сериозна.

„Ние сме три жени кои живееме со човек кој постојано се заканува дека ќе нè убие. Имаше обиди и за самоубиство и за убиство кон нас. Денеска викнавме полиција и цел ден сме по институции. Сите нè одбиваат и никој не сака да го прими во психијатриска установа“, рече Цветковска.

Таа посочи дека во домот живее и нејзиниот брат со церебрална парализа, кој, според неа, со години е изложен на истите трауми. Додаде дека семејството нема финансиски можности да се отсели, а

е-Трн да боцка во твојот инбокс