„Meet Prespa 2026“ повторно ќе ги обедини луѓето од Северна Македонија, Албанија и Грција

Свеченото отворање ќе биде во 20:00 часот со училишниот двор во село Брајчино, по што ќе следи настап на групата Песриди

На трети јули започнува шестото издание на фестивалот Meet Prespa.

Свеченото отворање ќе биде во 20:00 часот со училишниот двор во село Брајчино, по што ќе следи настап на групата Песриди. Забавата насловена како „Ноќ на инерпукции“ ќе трае со до 4 часот наутро.

Следниот ден, четрти јули ќе има богата културно уметничка програма која ќе започне на пладне и ќе трае се до три часот по полноќ.

„Meet Prespa“ се затвора на петти јули со традиционален летен поздрав до гостите со „Брајчинско котле“.

„Традиционалниот фестивал Meet Prespa продолжува и годинава. Богата програма, многу забава, храна и култура која ги спојува трите држави, Северна Македонија, Албанија и Грција.

Преспа и годинава ќе биде пример за Балканот, Европа и светот за тоа како различностите нѐ обединуваат“ велат организаторите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс