Медицинскиот канабис од денес легален во Украина

Легализацијата на медицинскиот канабис стапи на сила во Украина денеска, со што ветераните со посттрауматско стресно растројство и луѓето со сериозни болести, како рак, ќе може да го користат, пренесе „Киев индепендент“.

Претседателот Володомир Зеленски го потпиша законот за медицински канабис во февруари годинава, откако беше одобрен од украинскиот Парламент во декември. Тој претходно изрази поддршка за легализациајта на медицинскито канабис во неговото обраќање во Парламентот минатата година.

Канабисот за рекреативна употреба се уште е забранет, а владата ќе има строга контрола врз продажбата и дистрибуцијата на медицинскиот канабис.

Само пациенти со рецепт од доктор ќе може да купуваат легално и ќе се препишува само за специфични состојби.

Законот исто така ја лиценцира и економската активност за одгледување на коноп за медицински, индустриски и научни цели за да креира услови за пациентите да имаат пристап до терапијата.

Експертите предвидуваат дека околу 30 отсто од војниците и ветераните во Украина се соочуваат со посттрауматско стресно раастројство.

Во изминативе две гдоини, Украинскиот здравствен систем забележал сериозно зголемување на бројот на пациенти со ПТСД. Во првите два месеца од 2024 година имало регистрирани пациенти со вакво растројство, колку во целата 2021 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни