„Фламинго револуција“ во Тирана: Ескалираа масовните протести против мега-проектот на зетот на Трамп

Најголемиот национален марш досега ја блокираше албанската престолнина со барање за оставка на Еди Рама, додека Специјалното обвинителство отвори истрага за луксузниот комплекс од 4 милијарди долари кај Зврнец.

Главниот град на Албанија беше зафатен од досега најмасовниот владин и еколошки протест, кој почна да добива сенационален карактер со учество на Албанци од целиот регион и дијаспората.

Синоќешните демонстрации во Тирана, кои траеја повеќе од четири часа, се единаесетти по ред масовен собир против изградбата на луксузниот туристички комплекс на јадранскиот брег кај Зврнец и островот Сазан, проект вреден 4 милијарди долари предводен од Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп.

Илјадници граѓани маршираа од плоштадот „Скендербег“ до зградата на Владата под паролите „Албанија не е на продажба“ и „Рама во затвор“, барајќи итна оставка од премиерот Еди Рама и стопирање на изградбата која, според еколозите, целосно ќе уништи заштитено мочуриште со над 70 загрозени животински видови.

Додека Рама порача дека комплексот е економски благослов и нема да запре, Специјалното обвинителство за борба против корупцијата (СПАК) веќе отвори официјална истрага за сомнителните процедури и сопственоста на земјиштето зад фирмата на Кушнер, „Афинити партнерс“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс