Македонија денеска со нова шанса за медал во борење на Медитеранските игри

По двете сребрени и едната бронзена медалја освоени вчера во борење, Македонија денеска има нова шанса за одличје на Медитеранските игри во Таранто. Вероника Консевиќ од 19:30 часот ќе се бори за бронза во категоријата до 57 килограми против Србинката Милица Перовиќ.

Македонија денеска може да стигне до четвртиот медал на Медитеранските игри во Таранто, откако македонските борачи вчера го отворија медалскиот биланс со три одличја.

Фати Вејсели и Реџеп Хајдари освоија сребрени медали, додека Ахмад Магомедов се закити со бронза. Со тоа Македонија се најде меѓу делегациите кои веќе имаат освоено медали на Игрите. 

Денеска вниманието повторно е насочено кон борењето, но овојпат во женска конкуренција.

Вероника Консевиќ ќе се бори за бронзениот медал во категоријата до 57 килограми, а нејзина противничка ќе биде српската борачка Милица Перовиќ. Борбата е закажана за околу 19:30 часот. 

За Консевиќ ова е можност да го заокружи успешниот ден за македонското борење и да донесе уште едно одличје за македонската делегација.

Посебно внимание во Таранто привлече и фактот што Консевиќ на Игрите е со своето 11 месечно бебе, кое ѝ е најмладата и најблиска поддршка во борбата за медал. 

Доколку Консевиќ ја добие борбата против Перовиќ, Македонија ќе стигне до четвртиот медал на овогодишните Медитерански игри.

е-Трн да боцка во твојот инбокс