Алатката, која првично ќе биде достапна преку мобилната апликација Xbox, има цел да им помогне на играчите преку обезбедување насоки за играње, помагање при преземање игри и нудење стратешки совети. Мајкрософт го замислува Copilot како „соработник“ кој ги придружува играчите низ различни светови на игри, обезбедувајќи корисни сознанија и препораки.
За време на неодамнешниот брифинг за печатот, Сонали Јадав, продукт менаџер на Мајкрософт за вештачка интелигенција за игри, прикажа неколку случаи за употреба на Copilot. Во демо прикажување на Overwatch 2, Copilot ја анализираше играта на играчот и даде повратни информации за тактичките грешки, како што е napa]awe напред без соиграчи. Асистентот за вештачка интелигенција исто така предложи оптимални селекции на херои врз основа на составот на тимот, објаснувајќи ги силните и слабите страни на различните ликови. Во друга демонстрација со Minecraft, Copilot одговараше на прашања за изработка на материјали, па дури и им помагаше на играчите да ги лоцираат ресурсите во играта со препознавање на нивната активност на екранот.
И покрај овие ветувачки карактеристики, Мајкрософт нагласи дека овие напредни способности за вештачка интелигенција нема да бидат достапни при лансирањето. Наместо тоа, ограничена верзија на Copilot ќе биде објавена за Xbox Insiders во април преку мобилната апликација Xbox. Компанијата планира да ја усоврши и прошири алатката врз основа на повратни информации од корисниците пред да ја пласира на повеќе платформи. Додека Мајкрософт сподели маркетинг видео во кое се истакнува неговата визија за Copilot, деталите за неговата почетна функционалност остануваат нејасни.
Воведувањето на помош за игри со вештачка интелигенција означува значаен чекор во пошироката интеграција на вештачката интелигенција на Мајкрософт во неговите производи. Додека Copilot for Gaming на крајот би можел да стане суштинска алатка за играчите на Xbox, неговата ефективност во реалниот свет ќе зависи од тоа колку добро ќе функционира за време на тестирањето.