48 часа по невремето се уште виси лимен кров од зграда во Карпош 4

Изминаа 48 часа по ураганскиот ветер кој го зафати Скопје, а остатоците и штетите се уште не се санирани и претставуваат опасност за граѓаните.

Ветерот кој со брзина од 130 километри на час дуваше низ Скопје во вторникот, на 21 јули, направи големи штети низ градот, откорнувајќи и кршејќи дрвја, но и оштетувајќи кровови, куќи и станови. Ветерот откорна кровна конструкција од зграда во Карпош 4, која се уште не е санирана и виси над терасите на жителите.

Кровната конструкција и лимениот кров се уште висат на влезната страна од зградата, целосно блокирајќи ја терасата на најгорниот стан, оневозможувајќи им излез, но и претставувајќи опасност.

Лимениот кров виси над главниот влез, претставувајќи опасност да падне и да направи поголема штета и да повреди случајни минувачи.

Освен кровот, нерасчистено и во околината на зградата. Делови од кровната конструкција се уште стојат покрај зградата, заедно со падната дрвја и скршени гранки.

Веднаш по невремето на терен излезе и градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски, кој најави расчистување на последиците од невремето.

е-Трн да боцка во твојот инбокс