Летото може да почека, мај ги враќа дождот и ветрот

Наместо летни температури, Македонија ја очекува нестабилно време со локални врнежи, засилен ветер и можен снег на највисоките планини.

До крајот на мај не се очекува поголемо затоплување ниту стабилизација на времето, според најавите на метео-прогнозерите. Наместо летни температури, Македонија и во наредниот период ќе остане под влијание на променливо време, со локални врнежи, грмежи и услови за повремена појава на временски непогоди.

Во текот на денот, 17 мај, се очекува продор на поладен воздух од северозапад, преку Алпскиот регион, што ќе донесе ново заладување во земјава. Промената ќе биде проследена со засилен ветер од северен и северозападен правец.

Ветерот најизразен ќе биде во Повардарието и во источните делови на Македонија, каде повремено и локално може да достигне брзина од над 60 километри на час. Ќе има и повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет, а на највисоките планински места, над 2.000 метри надморска височина, ќе има услови и за слаб снег.

Поголем пад на температурите се очекува и во Скопје и околината, каде во недела ќе дува засилен северен и северозападен ветер. Утринските температури низ земјава ќе се движат од 5 до 13 степени, додека дневните ќе достигнат само од 14 до 21 степен. Во Скопје утринската температура ќе се спушти до околу 6 степени, а дневната ќе се искачи до околу 19 степени.

Метеоролозите предупредуваат дека температурите ќе останат пониски од просечните за мај. Променливото време, локалните врнежи и грмежите ќе продолжат и во следните денови, што значи дека мај годинава ќе заврши без вистински летен пресврт.

е-Трн да боцка во твојот инбокс