Крипто пазарот се тресе: Биткоинот падна на 59.000 долари, следува ли крај на растечкиот тренд?

Криптовалутите бележат нагол пад предводен од биткоинот кој се спушти на 59.000 долари. Неделни загуби од 17% и масовни одливи од ETF фондовите ја зголемуваат неизвесноста на пазарот.

Криптовалутниот пазар повторно влезе во силна корекција, при што во последните денови се бележи нагол пад на вредностите, предводен од биткоинот кој се лизна до околу 59.000 долари. Ова е најголемиот пад од октомври 2024 година, со неделна загуба од околу 17%. Аналитичарите укажуваат дека на пазарот е формирано таканаречено „двојно дно“, што може да сигнализира прекин на досегашниот нестабилен тренд на тргување.

Дополнителен притисок врз пазарот доаѓа од значителни одливи на капитал од американските биткоин ETF фондови, кои од средината на мај изгубиле повеќе од 4 милијарди долари. Во исто време, дел од големите институционални играчи кои досега важeа за симбол на „долгорочно чување“ на биткоин, почнале да продаваат дел од своите резерви што дополнително ја зголеми неизвесноста кај инвеститорите.

Пазарните движења покажуваат и промена во расположението на инвеститорите, кои сè почесто ги пренасочуваат средствата кон акции во технолошкиот сектор, особено во компании поврзани со полупроводници и вештачка интелигенција. Според аналитичари, намалената ликвидност и промената на инвестицискиот фокус укажуваат дека крипто пазарот влегува во нова фаза на нестабилност, каде краткорочните движења повторно доминираат над долгорочните очекувања.

е-Трн да боцка во твојот инбокс