Новата седмица во Северна Македонија ќе донесе вистинско летно време со температури кои на повеќе места ќе се движат помеѓу 25 и 30 степени. Во централните и југоисточните предели, како и во Скопје, температурите ќе надминуваат 30 степени, што ќе создаде пријатни, летни услови.
Се очекува генерално постабилна атмосфера во текот на седмицата, но повремено и локално може да дојде до развој на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во споредба со западна и југозападна Европа, каде се регистрираат значително повисоки температури, кај нас засега не се очекуваат екстреми, а времето ќе остане поумерено и попријатно.
Метео анализите најавуваат стабилен летен тренд, со повремени краткотрајни прекини поради локални атмосферски процеси.