Кои се здравствените ризици од калциумските суплементи

За популарните мултивитамини се вели оти луѓето може да земат „сè што им треба“ во една таблета. Сепак, нивната ефикасност како додатоци, според новите наоди, е доста сомнителна. Фармацевтката Џејми Мартинез издвои два додатоци во исхраната за коишто смета дека целосно бескорисни, а во некои случаи дури и потенцијално опасни, објави „Н-1“.

Калциум

Иако често се прикажува како неопходен за здравјето на коските, истражувањата, според лекарката, не потврдуваат дека таблетите со калциум всушност придонесуваат за цврстината на коските.

„Нема докази дека суплементите со калциум стигнуваат до коските, каде што всушност ни требаат. Од друга страна, има докази дека калциумот од апчињата може да се таложи во крвните садови и да предизвика камен во бубрезите… Многу луѓе земаат калциум без медицински надзор, што може да биде ризично, предупредува Мартинез. – Во некои случаи, суплементацијата е оправдана – на пр. ако земате бисфосфонати. Но, тоа треба да го утврди лекар“, додава таа.

Совет: Наместо преку додатоци, за калциумот е најдобро да се зема од самата храна што го содржи – од природен извор. На тој начин, се вели, калциумот помалку ќе се таложи во крвните садови. Мартинез препорачува храна како портокали, леблебии и зелен лиснат зеленчук како побезбедни и поделотворни извори на калциум.

Мултивитамини

И тие се доста популарни додатоци во исхраната, но и за нив, некои лекари се сè повеќе убедени во нивната неделотворност.

„Имаме голем број висококвалитетни испитувања коишто не успеаја да покажат позитивен ефект од мултивитамините кај повеќето луѓе. Исклучок се луѓето над 65 години, или оние со проблеми со апсорпцијата. Општо земено, мултивитамините слабо се апсорбираат и често содржат состојки како магнезиум, калциум и цинк што се мешаат во меѓусебната апсорпција“, истакнува д-р Мартинез.

Наместо тоа, таа советува индивидуален пристап. Тоа значи: И за овие хранливи материи, многу е подобро да се внесуваат преку разновидна исхрана или да се користи конкретен додаток во исхраната, според реалните недостатоци и личните потреби.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни