Премиерата на анимираниот краток филм за деца „Лефти и Рајти си најдоа дом” е закажана во Македонскиот народен театар (МНТ) голема сцена на 28 ноември (сабота) со почеток во 12 часот. После прикажувањето на краткиот филм, следи изненадување и настан на кој децата ќе можат да ги запознаат Лефти и Рајти.
“Сакаме децата да се почувствуваат како да влегуваат во еден храм каде што има кино проекции и театар. Ако тоа го почувствуваат од мали, ќе ја почитуваат културата, која е врата кон цивилизацијата и возвишеното. Заради тоа за нив ќе постелеме не црвен, туку шарен тепих, ќе ги пречекаме како на секоја премиера и ќе ги сместиме во удобните кадифени седишта на големата сцена на МНТ”, вели Нена Гиевска од зАнимација продукција.
После прикажувањето на краткиот анимиран филм, ќе следи перформанс, кој сега за сега ќе го зачуваме како изненадување.
Тематската песна на филмот со промотивен спот се готови, потпишана е Дина Јашари: https://www.youtube.com/watch?v=pVeNfbF6V6E
Картите за премиерата се достапни на следниот линк: https://www.karti.com.mk/lefti-i-rajti-si-najdoa-dom-makedonski-animiran-film.nspx
Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на РСМ и Хрватскиот аудиовизуелен центар – ХАВЦ.
Улогите во филмот ги толкуваат:
Јелена Јованова – Лефти, мајката
Гораст Цветковски – Рајти, ранецот Тигар
Тања Кочовска – наратор
Ева Скендеровска – Мими, Дреска, фустанот Роза
Изабела Јакимова – Јакната Јасна, продавачката
Останати гласови:
Јана Велева
Александар Георгиевски
Миа Велева
Режија: Илија Тодоровски, Сценарио: Наташа Дукоска, Ко-сценарист: Билјана Црвенковска, Арт-дирекција: Хари Дудески, Студио за анимација: Toon Motion Studios (Македонија), Тематска музика за филм: Дина Јашари
Продукција: зАнимација продукција
Продуцент: Снежана Нена Гиевска
Креативен продуцент: Наташа Дукоска
Копродукција: Minya Film i Animacija (Хрватска)
Ко-продуцент: Миљана Драгичевиќ
Дизајн на постер: Владимир Домазетов