Голем шумски пожар избувна попладнево на хрватскиот остров Хвар, на подрачјето меѓу Јагодна и Иван Долац, по што на терен веднаш беа испратени бројни противпожарни екипи.
Во гаснењето учествуваат пожарникари од доброволните противпожарни друштва Хвар, Јелса и Стари Град, а од воздух им помагаат четири канадери, кои се обидуваат да го стават огнот под контрола. Според првичните информации, пожарот зафатил делови од неколку вили, при што има и оштетени објекти. Огнот уништил и дел од лозовите насади во оваа област.
Од Оперативната противпожарна команда во Дивуље предупредуваат дека се очекува засилување на ветерот, што би можело дополнително да ја отежне борбата со огнената стихија.
И покрај сериозноста на ситуацијата, според последните информации од теренот, сите куќи засега се одбранети, а пожарникарите продолжуваат со напорите за целосно локализирање на пожарот.