Како Студентските пленуми во 2014 година го менуваа системот?

Во 2014 година студентите ги „окупираа“ факултетите и прогласија автономни зони во знак на протест против лошите образовни реформи. Автономна зона или „окупација“ со цел враќање на Универзитетот на оние на кои им е наменет – студентите. За време на окупацијата окупираните факултети од институции кои се наменети исклучиво за учење и напредување во професионалниот живот, се претворија во институција наменета за многу повеќе работи, како што се: социјален живот, критичко делување, еманципаторно и слободарско студирање, живеење

Студентски пленум е македонска студентска иницијатива за одбрана на правата на студентите која се залага за поквалитетно образование, а се бори против неправедноста и партиските влијанија. Иницијативата се појави кон крајот на 2014 година по најавата за воведување на екстерно оценување, а подоцна преименувано во државен испит, од страна на Владата на Македонија, како и низа други измени во Законот за високо образование, кој според движењето силно го крши членот 46 од Уставот на Македонија, во кој се гарантира автономија на универзитетите.

Една од главните одлики на Студентскиот пленум тогаш беше нејзината хоризонтална поставеност, односно, во оваа организација немаше водач, секој студент кој имаше желба можеше да се приклучи и рамноправно да учествува во него. Важно беше секој да пристапи како поединец, без никакви партиски влијанија.


За кратко време во 2014 година ова движење го привлече вниманието на македонската јавност, откако беа организирани три големи протести каде што учествуваа и над 10.000 студенти. Обединети со своите професори на протестите тие извикуваа: „Нема правда, нема мир“. Ова студентско движење за првпат во историјата на Македонија, во знак на протест, ги окупираше факултетите во Скопје, каде што студентите се вселија и со денови преноќуваат таму.

Студентскиот пленум според некои, произлезе по филмска проекција организирана од „Отворен куфер“, културна акција што функционираше при Филозофскиот/Филолошкиот факултет. После проекцијата, се собрале група на студенти кои разговарале за Законот, и од таму доаѓа идејата дека е време за едно ново студентско движење.

Во 2014 година студентите за прв пат ги „окупираа“ факултетите и прогласија автономни зони во знак на протест против лошите образовни политики на власта. Автономна зона или „окупацијата“ имаше за цел враќање на Универзитетот на оние на кои им е наменет, а тоа се студентите. За време на окупацијата окупираните факултети од институции кои се наменети исклучиво за учење и напредување во професионалниот живот, се претворија во институција наменета за многу повеќе работи, како што се: социјален живот, критичко делување, еманципаторно и слободарско студирање, живеење итн.


Идејата не беше да се „окупира” факултетот во неговото функционирање, туку само да се блокира формалната настава и таа да биде заменета со алтернативна. Оваа алтернативна настава ја организираа студентите кои беа активно вклучени во „окупацијата”. Токму окупацијата се покажа дека е најмоќната алатка за добивање на студентските права.

По низата протести на кои излегоа дестици илјади студенти подржани од нивните професори и од граќаните и 14 дена окупација на факултетите, Пленумци постигнаа договор со власта за изработка на нов закон за високо образование во чие креирање заедно со надлежните кратко се вклучија студентите и професорите и ги ставија во мирување измените во постојниот закон со кој се предвидуваше полагање на државен испит. Поради политичката криза, таквиот договор со Министерството за образование брзо беше раскинат.

Според политиколозите, во општество во кое секој протест е осуден на партиско етикетирање, студентите имаа многу комплексна задача: да ја оспорат потребата од државен испит и да покажат автономност во нивната битка. Студентските пленуми пред десетина години одиграат клучна улога во општествените и политичките промени. Тие не беа само израз на протест, туку и важен канал за промена на свеста. Преку нив, студентите станаа активни учесници во демократијата и придонесоа за создавање на прогресивни општествени текови. Студентските протести, блокади и пленуми служат како катализатори за промени кои ја трансформираат општествената и политичка динамика и ја покажуваат моќта на младите луѓе на патот кон промени

Фото: Томислав Георгиев и Ванчо Џамбаски

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни