Како институциите комуницираат за културата? Презентација на почетен медиумски мониторинг на 2 октомври

Мониторингот е дел од проектот „Креативна работа, јавна вредност: Застапување за праведни политики во независниот културен сектор“

На 2 октомври 2026 година, со почеток во 12 часот, во КСП „Центар-Јадро“ во Скопје ќе биде презентиран извештајот „Почетен медиумски мониторинг (април – јуни 2026) на комуникацијата на Министерството за култура и туризам, шест единици на локалната самоуправа и на медиумското известување за локалната култура“.

Извештајот, изработен од Мила Стаменова Бурнс и Петрит Сарачини од Институтот за медиуми и аналитика (ИМА), ја анализира јавната комуникација на Министерството за култура и туризам и на Град Скопје, Тетово, Струга, Битола, Кавадарци и Струмица. Опфатено е и медиумското известување за културата во периодот од 1 април до 30 јуни 2026 година.

Истражувањето содржи квантитативна и квалитативна анализа на соопштенија и објави поврзани со институционални активности, официјални посети, јавни настани и културни манифестации. Резултатите на презентацијата ќе ги претстават авторите, а Дарко Алексовски од Јадро – Асоцијација на независната културна сцена ќе даде краток осврт на проектот во чии рамки е подготвен извештајот.

Мониторингот е дел од проектот „Креативна работа, јавна вредност: Застапување за праведни политики во независниот културен сектор“, што го спроведува Јадро во соработка со ИМА. Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку „Култура за развој“, кој го имплементира Хартефакт Фонд.

е-Трн да боцка во твојот инбокс