Skip to content
Facebook Instagram Youtube
Search
  • Култ-арт
  • Бунт
  • Зелено
  • Свесно
  • Глобал
  • Сторија
  • Органик
  • Хај-тек
  • Жолт Трн
  • Култ-арт
  • Бунт
  • Зелено
  • Свесно
  • Глобал
  • Сторија
  • Органик
  • Хај-тек
  • Жолт Трн
  • Култ-арт
  • Бунт
  • Зелено
  • Свесно
  • Глобал
  • Сторија
  • Органик
  • Хај-тек
  • Жолт Трн
  • Култ-арт
  • Бунт
  • Зелено
  • Свесно
  • Глобал
  • Сторија
  • Органик
  • Хај-тек
  • Жолт Трн

Како настанаа култни логоа на автомобилски компании? – Приказни со историја, мистерија, наследство

Мерцедес-Бенцовата трокраката ѕвезда, Ферариевиот коњ, Масеративиот тризабец, БМВ-ов “Roundel” се култни симболи на компаниите и брендовите.
  • 24/02/2025
  • 08:42
  • Свесно

Култните логоа на автомобилските компании се повеќе од обични визуелни елементи, тие се одраз на патувањето на брендот, вредности, наследство и историја која е испреплетена со човечката креативност. Мерцедес-Бенцовата трокрака ѕвезда, Ферариевиот коњ, Масеративиот тризабец, БМВ-ов “Roundel” се култни симболи на компаниите и брендовите.

BMW

Пред пет години BMW, како втор германски производител, по Фолцваген, го промени визуелниот идентитет на саемот во Франкфурт, на возилото Concept i4 (шести логотип во 108-годишната историја, а ниту еден не се разликува премногу од претходниот).

Логото на оваа фирма е тема на разговор децении. Службениците се непоколебливи за симболиката и немаат дилеми, но секогаш има и од оние кои најдобро знаат. Ако го прашате обичниот народ на улица, ќе добиете широк спектар на одговори.

За да ги отстранат сите сомнежи, Германците објавија приказна за значењето на “Roundel” (кружен медалјон).

Се спомнува небото кое излегува низ пропелерите на оригиналната фирма Рапп Моторверкен, но амблемот се однесува на баварското знаме. На службените страници на автомобилскиот гигант се наведува дека 5-ти октомври 1917-та, младата фирма го добила своето лого, кое било официјално регистрирано. Се задржал стариот облик на Рапп, но во него се вклучени и боите на Баварија.

Мерцедес

Познато е дека логото на Мерцедес-Бенц првично било усвоено како посвета на неговиот основач Готлиб Дајмлер и домот на фамилијата Дајмлер, но дали има повеќе симболика за овој штуртгартски гигант? Ако ги прашате претставниците на Мерцедес, одговорот е потврден: трокраката ѕвезда, како што луѓето најчесто ја перципираат, ја претставува тежната на компанијата за универзална моторизација, каде секоја точка има свое индивидуално значење, претставувајќи земја, море и воздух. Тоа се средини за кои компанијата верувала дека еден ден ќе бидат средини на доминација за оваа компанија и за нивните мотори.

Cadillac и патките кои летаат вечно

Името и логото на Cadillac настанале како фамилијарен грб на францускиот истражувач Антоан де ла Моте Кадилак. Тој бил авантурист, кој исто така се смета за основач на градот Детроит 1701 година (тогаш се викал Fort Pontchartrain du Detroit). По доаѓањето во Америка, Ла Моте ја презел својата титула од градот Кадилак во југозападна Франција. Детроит во 20-тиот век стана светски центар на производството на автомобили. Вилијам Мурфи и Хенри Леланд ја основале автомобилската компанија Cadillac и му одале почит на Ла Моте користејќи го неговото име и фамилијарната хералдика за првото лого во 1902.

Масерати и Нептун

Првото светско првенство во мото трки за производители на автомобили се одржало во 1925 година. Трите браќа Масерати ги поминале зимските месеци во 1926 година во своето седиште во Via Emilia Levante во Болонија. Работеле на автомобилот што наскоро ќе стане првиот што го направиле. Го нарекле Tipo 26, а овој број го симболизирал годината на неговото создавање.

Бил тоа првиот вистинскиа Масерати, кој немал лого. Легендата вели дека еден од браќата, Марио, шетал низ Болонија и Пијаза Мажоре. Гледал во статуата на Нептун, митолошкиот бог на морето, брат на Плутон и Јупитер, кој во уметноста често бил овековечен како старец со кадрава коса и долга брада. Во раката држел трокрак копје, тризабец.

Ферари, Ауди, Бугати

Ферариевиот коњ недвосмислено е едно од најпрепознатливите логоа во автомобилската индустрија. Како што наведуваат во Ферари, амблемот бил инспириран од телото на авион што основачот Енцо Ферари го украл од граф Франческо Бараце, пилот и воен херој во италијанските воздухопловни сили.

Четирите прстени на Аудиевот логотип ги означуваат обединувањето на автомобилските марки Ауди, Хорх, ДКВ и Вандерер.

Логото на Бугати изгледа поедноставно од споменатите ривали, но далеку од тоа да е лишено од својата симболика. Неговата црвена позадина симболизира сила и страст што возачите ја чувствуваат зад воланот.

Најново

Марија Ристовска: Родовата еднаквост не е женско прашање, туку бизнис стратегија
  • // 05.07.2026
  • 08:00
  • // Неделен трн, Свесно
Дебакл на Мундијалот: Селекторот си замина по само 18 дена на клупата
  • // 05.07.2026
  • 07:45
  • // Глобал
Швајцарците на врвот на светското богатство: Просечно 910.000 долари по возрасен, но расте нееднаквоста
  • // 05.07.2026
  • 07:32
  • // Глобал
Мбапе по победата над Парагвај: Мислеа дека ќе играме во смокинзи, ги победивме со нивното оружје
  • // 05.07.2026
  • 07:32
  • // Глобал
Трамп: „Комунизмот е рак кој мора да се отстрани“ – говор по повод 250 години од САД
  • // 05.07.2026
  • 07:30
  • // Глобал

Најчитано

  1. Иранец ја тужи ФИФА за 850 милиони евра поради елиминацијата на Иран од Светското првенство
  2. Бамби ја преживеа стапицата, но го отвори прашањето: кој ги штити дивите животни во Македонија
  3. Ретроградниот Плутон носи голем пресврт: Три хороскопски знаци од денес влегуваат во период на успех
  4. Антарктикот со рекордна зимска температура од 15,4 степени
  5. Јадранот се загрева како среде август: морето достигнува речиси 29 степени
Читај повеќе

Ана Петаноска во РеТрн: искрен разговор, музика од душа и големи соништа

Ристо Вртев Архангел интервју за Трн

Ристо Вртев (Архангел) по 23 години повторно во студио: За новата музика, концертот и оловните дни

Наталија и Драган во РеТрн ДУО: Уметноста што ги поврзува

Внимание, комплименти паѓаат од небо, граѓаните реагираат!

Лара Иванова во РеТрн: ритам, енергија и соништа без граници

RYCO: Како младите на Западен Балкан учат да соработуваат преку култура

Колумни

  • Катарина Лука

Телото слуша

  • Адријана Георгиев

Премногу гласна, премногу тивка, премногу жена

  • Адријана Георгиев

Индустријата на несигурноста: Кој профитира кога се мразиш себеси?

Боцкаме во сабота

Драган Арсовски, Македонско еколошко друштво: „Езерани е бубрегот на Преспанското Езеро“

Неделен Трн

Марија Ристовска: Родовата еднаквост не е женско прашање, туку бизнис стратегија

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Теми

  • Култ-арт
  • Бунт
  • Зелено
  • Свесно
  • Глобал
  • Сторија
  • Органик
  • Хај-тек
  • Жолт Трн
  • Култ-арт
  • Бунт
  • Зелено
  • Свесно
  • Глобал
  • Сторија
  • Органик
  • Хај-тек
  • Жолт Трн

Инфо

  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
Facebook Instagram Youtube
  • Политика за приватност
Сите права се задржани © 2025 | Трн.мк