Јужна Кореја со пресврт ја совлада Чешка на Светското првенство

По првото коло во А-групата, Јужна Кореја се приклучи на Мексико, кој претходно ја совлада Јужна Африка со 2:0, па двете селекции имаат по три бода на стартот од Мундијалот.
epa13031844 Oh Hyeon-Gyu (R) of South Korea battles for the ball with Robin Hranac (L) of Czechia during the FIFA World Cup 2026 Group A match between South Korea and Czechia in Guadalajara, Mexico, 11 June 2026. EPA/ALEX CRUZ

Фудбалската репрезентација на Јужна Кореја со драматичен пресврт ја победи Чешка со 2:1 во вториот натпревар на Светското првенство, одигран во Гвадалахара.

Азиската селекција доминираше во поголем дел од натпреварот, но долго не успеваше да ја материјализира иницијативата. Најголемиот број шанси ги пропушти капитенот Сон Хеунг Мин, кој неколкупати беше непрецизен пред голот на чешкиот чувар на мрежата Матеј Ковар.

Казната стигна во 59. минута, кога по долга аут-линија на Владимир Цоуфал, најдобро се снајде Ладислав Крејчи и со удар со глава ја доведе Чешка во водство од 1:0. Сепак, Јужна Кореја брзо одговори. Во 67. минута, Хванг Ин Бом изведе мајсторска акција и со прецизен лоб удар израмни на 1:1 по асистенција на Ли Канг Ин. Чешка во 77. минута повторно ја затресе мрежата преку Томаш Соучек, но погодокот беше поништен поради офсајд, што беше потврдено и со ВАР-проверката.

Само три минути подоцна следуваше целосен пресврт. Повторно во главна улога беше Хванг Ин Бом, кој од десната страна испрати одличен центаршут, а резервистот О Хјеон Гју од непосредна близина ја испрати топката во мрежата за конечни 2:1. Во завршницата Чесите имаа одлична можност да израмнат, но голманот Ким Сеунг Гју со спектакуларна интервенција на гол-линијата ја сочува победата на својот тим.

По првото коло во А-групата, Јужна Кореја се приклучи на Мексико, кој претходно ја совлада Јужна Африка со 2:0, па двете селекции имаат по три бода на стартот од Мундијалот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс