Преку изложените дваесеттина дела ќе понуди увид во креативниот творечки ппроцес на талентираните уметници од различни делови на светот.
Овој групен творечки опус што ќе биде презентиран пред кумановската публика е резултат на напорите на организаторот Домот на културата “Крсте Мисирков-“ Свети Николе да одржи континуитет во работата на колонијата , како и интензивната работа и соработка на учесниците на оваа манифестација коишто создадоа уникатни уметнички дела инспирирани од околината и локалната култура на локалитетот Ѓуриште. . Изложбата ќе прикаже разновидност на стилови и техники, демонстрирајќи ја воедно моќта на уметноста како дисциплина која има можност да поврзува луѓе и идеи.
Ве покануваме да дојдете и да го проследите ова уметничко искуство, како и со своето присуство да ја поддржите креативноста и инвентивноста на застапените уметници.
Изложбата ќе биде поставена до 07.11.2024.