За малку избегнат судир на два патнички авиони на аеродромот во Сиднеј

Австралискиот одбор за безбедност во сообраќајот започна истрага по опасниот инцидент на аеродромот во Сиднеј, каде што патнички авион на „Jetstar“ за малку ќе се судреше со воздухоплов на „Qatar Airways“. При инцидентот што се случи изутринава, пилотите мораа нагло да закочат, при што е повредена една членка на кабината.

Авионот „Airbus A320“ на компанијата „Jetstar“ се движел кон пистата за полетување кон Квинсленд кога екипажот забележал друг авион во непосредна близина. На патот на нивното движење се наоѓал „Boeing 777“ на „Qatar Airways“, кој во тој момент бил влечен од аеродромски влекач.

Сфаќајки ја опасноста, пилотите веднаш реагирале и двете летала нагло закочиле пред да дојде до физички контакт.

Наглото закочување предизвикало силен потрес во патничката кабина на „Jetstar“. Една членка на кабинскиот екипаж се здобила со повреди при падот и веднаш и била укажана медицинска помош.

Австралиските власти за воздухопловна безбедност (ATSB) го класифицираа настанот како сериозен инцидент. Истражителите веќе ги прибираат податоците од летот, снимките од контролата на летање и изјавите од екипажот за да се утврди како дошло до пропустот во координацијата на земја.

е-Трн да боцка во твојот инбокс