Италија подготвува железница со соларни: следи нова енергетска револуција

Италија би можела да биде следната европска земја што ќе воведе соларни железници, по успешниот пилот-проект во Швајцарија кој привлече големо внимание во енергетскиот сектор.

Швајцарскиот стартап Sun-Ways минатата година постави 100 метри соларни панели меѓу активни железнички шини во регионот Вал-де-Траверс, создавајќи прв ваков систем во светот на активна пругa пренесува Еуроњуз. Иако проектот првично беше замислен како тригодишен тест, резултатите по само една година беа доволно позитивни за да се размислува за трајно проширување.

Системот со 48 специјално дизајнирани фотоволтаични панели произведува околу 16.000 kWh годишно, а компанијата проценува дека поширока примена низ целата швајцарска железничка мрежа би можела да покрие околу 2% од националната потрошувачка на електрична енергија.

Иако технологијата носи значителен потенцијал, постојат и предизвици – од можни оштетувања на панелите до безбедносни ризици и рефлексија што би можела да ги одвлекува машиновозачите. Компанијата тврди дека овие проблеми се решени со поотпорни панели, анти-рефлексивни филтри и системи за одржување вградени во возовите.

По успешниот тест, Sun-Ways потпиша договор со италијански партнер кој е во контакт со националниот железнички оператор Rete Ferroviaria Italiana, со што се отвора можност за нов пилот-проект во Италија. Покрај Италија, интерес за технологијата покажале и компании од Јужна Кореја, Холандија, Кина, Индија и Сингапур, што укажува дека соларните железници би можеле да станат дел од идната европска и светска инфраструктура.

Изво Euronews

е-Трн да боцка во твојот инбокс