Тензиите околу клучните поморски патишта на Блискиот Исток доживуваат нов врв преку жестока информациска и воена пресметка меѓу Техеран и Вашингтон. Како што пренесува хрватската новинска агенција „Хина“ (Hina), новооснованото иранско тело – Управата за тесните грла на Персискиот Залив (PGSA), креирано со цел контрола на пловидбата низ овој стратешки премин, официјално објави дека Ормутскиот теснец е затворен до понатамошно известување.
Од агенцијата апелираа до сите бродови кои веќе имаат дозволи за премин да останат трпеливи, префрлајќи ја вината за ескалацијата врз американските сили, иако и самиот Иран во текот на ноќта изврши масовни лансирања на балистички ракети врз соседните земји. Од друга страна, американската војска експресно и остро ги демантираше овие тврдења од Техеран, нагласувајќи дека информациите за блокада се тотално неточни и дека теснецот во реалноста е целосно отворен за сообраќај.
Овој поморски премин и понатаму останува главна точка на глобалниот конфликт бидејќи низ него во мирнодопски услови минува петтина од светската нафта и гас, поради што САД претходно ги покренаа операцијата „Проект Слобода“ на Трамп и актуелната поморска блокада за да обезбедат барем делумен транзит за трговските бродови.