Иран ги демантираше најавите: нема потврда за нови преговори со САД

И покрај најавите на Трамп за можни разговори во Исламабад, Техеран вели дека нема конкретни информации за нова рунда дијалог

Само неколку часа откако Доналд Трамп навести дека „нешто може да се случи“ во однос на нови разговори со Иран, Техеран излезе со демант дека нема потврдени информации за нови преговори.

Според дипломатски извор за иранската државна агенција ИРНА, комуникација постои, но не и договор за нова рунда разговори. Техеран и Пакистан, кој има улога на посредник, размениле пораки, но засега нема конкретен напредок или официјална потврда за продолжување на преговорите.

Ова доаѓа во момент кога претходната рунда разговори во Исламабад заврши без договор, а дипломатските напори остануваат заглавени. Пакистан, според истиот извор, и натаму се обидува да посредува меѓу двете страни.

Дополнителна неизвесност носи и фактот што двонеделното примирје, кое стапи на сила на 8 април, истекува на 22 април, што го зголемува притисокот за дипломатски пробив во наредните денови.

Иако Трамп зборува за можност за договор во краток рок, реакцијата од Техеран покажува дека преговорите сè уште се далеку од конкретна фаза, а јазот меѓу очекувањата и реалноста останува голем.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни