Иран повторно го затвори Ормускиот теснец

Новиот потег на Техеран повторно ја отворa глобалната загриженост за безбедноста на клучниот поморски коридор за нафта и трговија.

Само еден ден откако соопшти дека Ормускиот теснец е отворен за комерцијални бродови, Иран повторно воведе ограничувања за пловидба низ еден од најважните енергетски коридори во светот. Техеран ја обвинува американската страна дека не ги испочитувала условите за повторно отворање, откако Вашингтон одбил да ја укине блокадата за бродови поврзани со Иран.

Според иранските воени власти, теснецот „се враќа во претходната состојба“, што во пракса значи ново заострување на контролата врз поморскиот сообраќај. Иран порача дека транзитот ќе остане ограничен сè додека продолжуваат американските санкции и притисоци врз иранските пристаништа и бродови.

Овој пресврт доаѓа во момент кога Велика Британија и други европски земји повикуваат на целосно обновување на пловидбата, предупредувајќи дека секое ново нарушување во Ормускиот теснец носи ризик за глобалната економија и енергетските пазари. Британската министерка за надворешни работи Ивет Купер денес изјави дека меѓународниот поморски сообраќај низ теснецот мора целосно да продолжи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни