Инстаграм воведе функција која корисниците одамна ја чекаа

Инстаграм воведе нова функција за уредување на коментари, достапна 15 минути по објавувањето.

Инстаграм воведе можност за уредување на коментари, функција што корисниците долго време ја бараа.

Со најновото ажурирање, корисниците на Инстаграм ќе можат да ги уредуваат сопствените коментари, но само во рок од 15 минути по нивното објавување.

Опцијата „Уреди“ се појавува под секој коментар и овозможува брза корекција на текстот, без потреба од негово бришење и повторно пишување. По направената измена, коментарот добива ознака „Уредено“, со што се задржува транспарентноста, иако не е видлива историјата на претходните верзии.

Од компанијата посочуваат дека во рамки на овој временски прозорец, корисниците можат неограничено да го менуваат коментарот.

Функцијата е дел од поширок пакет промени на платформата во текот на 2026 година. Во истиот период, компанијата Meta Platforms најави и укинување на end-to-end енкрипцијата за директните пораки на Инстаграм, наведувајќи дека интересот за оваа опција бил ограничен.

За корисниците кои сакаат повисоко ниво на приватност, од компанијата посочуваат дека и понатаму можат да ја користат апликацијата WhatsApp, која останува фокусирана на безбедна комуникација.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни