На Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер во Скопје на 2 јуни свечено беше отворена традиционалната годишна изложба на студентски трудови за академската 2025/2026 година. Изложбата ја отвори ректорката на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Биљана Ангелова, која ја истакна важноста на поддршката на младите таленти и нивниот креативен развој. Пред присутните се обрати и Ѓорги Груевски, нагласувајќи го значењето на знаењето, иновациите и професионалниот напредок на студентите во областа на дизајнот.
Поставката нуди можност посетителите одблиску да се запознаат со современите решенија, идеи и визии на студентите од областа на дизајнот на мебел и ентериер. Преку своите проекти, младите автори ги претставуваат најновите трендови, креативни пристапи и иновативни концепти во уредувањето на просторот и обликувањето на мебелот.
Годишната изложба претставува важна платформа за презентација на студентското творештво и практична примена на стекнатите знаења, а воедно ја потврдува улогата на факултетот во создавањето нови генерации професионалци во областа на дизајнот.
Изложбата е отворена за јавноста и ќе може да се посети до 9 јуни.