Манас Батија, архитект и компјутерски дизајнер од Индија, го користи потенцијалот на алатката за вештачка интелигенција (Аl), Midjourney, за да создаде надреални архитектонски концепти. Во овој проект, тој замислува надреална иднина која има „симбиотски“ архитектонски станбени кули кои изгледаат како џиновски шупливи дрва.
Инспириран од дрвото Хиперион, архитектот се обидува да ја надмине областа на физичкиот архитектонски дизајн за да претстави серија Аl генерирани слики и цртежи на станови кои навистина ја доведуваат во прашање идејата за таков тип симбиотски згради.

„Отсекогаш сум бил фасциниран од тоа како малите инсекти и суштества ги создаваат своите живеалишта во природата. Мравките, на пример, ги создаваат своите живеалишта креирајќи комплексни мрежи во почвата. Кога луѓето би можеле да создадат згради кои растат и дишат како растенијата, каков неверојатен свет за живеење би бил тоа“,вели архитектот и компјутерски дизајнер Манас Батија.
Извор: amazingarchitecture.com












