Почна отстранувањето на името на Трамп од Центарот „Кенеди“

Отстранувањето почна неколку часа по истекот на рокот што го одреди судот, а Центарот претходно побарал одложување поради бурите во Вашингтон.

Работници во Вашингтон почнаа да го отстрануваат името на американскиот претседател Доналд Трамп од фасадата на Центарот за сценски уметности „Џон Ф. Кенеди“, неколку часа по истекот на рокот што го одреди судот.

Скеле било поставено околу делот од зградата на кој се наоѓало името на Трамп, а отстранувањето почнало кратко по полноќ. Центарот претходно побарал продолжување на рокот до пладне, наведувајќи ги бурите во Вашингтон како причина за одложување.

Од Центарот „Кенеди“ соопштиле дека процесот на отстранување е во тек и дека се очекува да биде завршен во раните утрински часови.

Судот во Вашингтон претходно одлучи дека името на Трамп треба да биде отстрането, бидејќи преименувањето на институцијата не може да се направи без одлука на Конгресот. Одлуката следуваше по тужба поднесена од демократската конгресменка Џојс Бити.

Името на Трамп беше додадено во декември минатата година, откако одборот на Центарот гласал водечката институција за сценски уметности во Вашингтон да го носи името „Меморијален центар за сценски уметности на Доналд Трамп и Џон Ф. Кенеди“.

Центарот „Џон Ф. Кенеди“ го носи името на убиениот американски претседател од 1964 година, со одлука на Конгресот. Институцијата беше отворена во 1971 година и е една од најпознатите културни установи во САД.

е-Трн да боцка во твојот инбокс