Search

Има ли отпадната вода потенцијал да биде корисна?

Едни од клучните цели на ОН за одржлив развој се спречување на сиромаштијата, заштита на животната средина и климата, но и обезбедување живот во мир и просперитет. Шестата цел – чиста вода и санитарни услови и дванаесеттата – одговорна потрошувачка и производство, се однесуваат на предизвикот со кој се соочува голем дел од населението ширум планетата.

Поттикнувајќи ја заштитата на основниот животен ресурс – водата, Обединетите нации особено го истакнуваат проблемот со отпадните води, како се поголема закана за здравјето на луѓето и животната средина. Според податоците на ОН, отпадните води испуштаат емисии кои придонесуваат за глобалното затоплување, речиси исто колку и воздухопловната индустрија, околу 1,57 отсто од глобалните емисии.

Со разгледување на овој проблем, се поставува прашањето дали отпадната вода има потенцијал да биде корисна или само со неа се менаџира погрешно?

Последниот извештај „Отпадни води – претворајќи го проблемот во решение“ објавен од УНЕП (Програма за заштита на животната средина на ОН), ги охрабрува владите и компаниите дека со правилни политики, отпадните води можат да станат непроценлив ресурс, претставувајќи алтернативна енергија за половина милијарда луѓе или да речеме, компензирајќи за преку 10 проценти од глобалната употреба на ѓубрива.

И покрај претходните напори за решавање на овој проблем, значителни количини отпадни води сè уште се испуштаат непречистени во животната средина. Новиот извештај ги истакнува повеќекратните предности од правилното собирање, третман и користење на отпадните води како потенцијал за кружна економија.

Податоците на ОН покажуваат дека во моментов само околу 11 отсто од светските пречистени отпадни води повторно се користат, а околу половина од непречистените отпадни води во светот сè уште се испуштаат во реките, езерата и морињата.

Со правилно третирање на отпадните води, таа може да произведе околу пет пати повеќе енергија отколку што е потребна за нејзино пречистување, обезбедувајќи електрична енергија за околу половина милијарда луѓе годишно, сметаат експертите.

Отпадните води имаат потенцијал да обезбедат значителни придобивки и за луѓето и за животната средина, доколку се управуваат правилно, а некои земји како Шведска, Данска, Кина, Германија, Тунис, Сингапур и други веќе го прават тоа.

Извор: energetskiportal.rs

Најново

Последни колумни