Има ли нов почеток за „Пошта“? Владата најавува 100 нови возила и модернизација по години загуби

По години финансиски проблеми и пад на довербата, Владата најавува инвестиции и модернизација на „Пошта“ – дали ова е вистински пресврт или уште едно одложено решение?

По долг период обележан со загуби, застарена опрема и намалена доверба кај граѓаните, Владата најавува нов почеток за АД Пошта. Наместо приватизација, стратегијата е институцијата да остане во државна сопственост, но со засилени инвестиции и реформи кои треба да ја направат поефикасна и конкурентна.

Првиот конкретен чекор во таа насока е набавката на 100 нови возила, инвестиција вредна околу два милиони евра. Според премиерот Христијан Мицкоски, ова не е само техничко подобрување, туку обид за целосно рестартирање на системот.

„Ова е нов почеток, нова енергија и нова функционалност за систем што со години беше оставен сам на себе“, изјави Мицкоски.

Проблемите со кои се соочуваше Поштата се добро познати: просечната старост на возилата достигну

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни