Илон Маск најави подарок за секое дете во САД: Ќе добие по две акции на „СпејсИкс“

Американскиот милијардер најави дека едната акција ќе ја обезбеди неговата компанија, а другата ќе ја подари лично. Во октомври најавата беше дека секое дете ќе добие по една акција во 2027 година.

Американскиот милијардер Илон Маск објави дека секое дете во Соединетите Американски Држави ќе добие по две акции од неговата компанија „СпејсИкс“ (SpaceX) – една од компанијата и една од него лично.

„Секое дете во Америка ќе добие две акции на „СпејсИкс“: една од компанијата и една од мене лично“, напиша Маск на социјалната мрежа Икс.


Во октомври Маск вети дека во 2027 година ќе подари по една акција на „СпејсИкс“ на секое дете во САД. Со најновата објава, најавениот подарок е зголемен на две акции.

е-Трн да боцка во твојот инбокс