Илјадници Албанци протестираат против луксузниот ресорт на зетот на Трамп на островот Сазан н

Според албанските власти, сè уште се изработуваат проценки за влијанието врз животната средина, а конечните одлуки ќе зависат од усогласеноста на проектот со националните и европските правила за заштита на природата.

Илјадници граѓани во Тирана протестираа против планот за изградба на луксузен туристички комплекс вреден околу 1,4 милијарди евра на островот Сазан и крајбрежјето кај Звернец. Проектот е поврзан со инвестициска компанија на Џаред Кушнер, а според плановите би можел да опфати до 10.000 хотелски соби и вили.

Еколошките организации предупредуваат дека комплексот би се градел во чувствителен природен екосистем во близина на заштитеното подрачје Вјоса-Нарта, каде живеат повеќе од 200 видови птици, медитерански фоки и морски желки. Посебна загриженост постои за популацијата на фламинга кои го користат регионот за гнездење и миграција.

Противниците на проектот организираа кампања наречена „Револуција на фламингата“, а на протестите во Тирана носеа розови балони и бараа стопирање на изградбата. Тие тврдат дека природното и културното наследство на Албанија не смее да биде жртвувано за комерцијални интереси.

Од друга страна, албанскиот премиер Еди Рама ги отфрли критиките, оценувајќи дека станува збор за политички мотивирана кампања. Тој нагласи дека странските инвестиции се важни за економскиот развој на земјата и увери дека проектот ќе мора да ги исполни сите еколошки стандарди.

Според албанските власти, сè уште се изработуваат проценки за влијанието врз животната средина, а конечните одлуки ќе зависат од усогласеноста на проектот со националните и европските правила за заштита на природата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс