Скопје на 1 и 2 октомври е домаќин на регионалниот самит на глобалната мрежа PROI Worldwide, организиран од македонската агенција ИДЕА ЛАБ во хотелот „Мериот“. Средбата собира комуникациски професионалци од Европа, Блискиот Исток и Африка, фокусирани на практичното прашање: како вештачката интелигенција ги менува агенциските процеси и каде човечката проценка останува незаменлива за клиентите.
Од денеска, па во наредните два дена, Скопје е домаќин на регионалниот самит на PROI Worldwide – глобална мрежа на независни PR и комуникациски агенции. На дводневниот самит, кој ќе се одржи на 1 и 2 октомври во хотел „Мериот“, ќе учествуваат претставници на PROI агенциите членки од земјите од Европа, Блискиот Исток и Африка (EMEA). Домаќин на самитот е ИДЕА ЛАБ, единствената македонска агенција која е дел од мрежата.

Во пресрет на официјалниот почеток на работната програма, попладнево учесниците ја посетија ИДЕА ЛАБ, каде што имаа можност поблиску да се запознаат со тимот и работата на агенцијата. Во рамки на средбата, ИДЕА ЛАБ ја претстави и својата годишна стратегија, како дел од активностите на агенцијата во рамки на PROI Worldwide.
„The Independent Edge: The Human Advantage in the Age of AI“ е темата на годинешниот самит, посветен на промените што вештачката интелигенција ги носи во комуникациската индустрија и на човечкиот фактор како важна предност во новото технолошко време.
Во фокусот ќе бидат новите начини на работа, креативноста и можностите што ги отвора AI, но и размената на искуства и идеи меѓу професионалците од PROI агенциите од различни пазари. Самитот ќе отвори и разговори за тоа како комуникациската индустрија се менува со развојот на новите технологии и што значи да се задржи човечката перспектива во тој процес.
ИДЕА ЛАБ е дел од PROI Worldwide од 2021 година. PROI Worldwide денес обединува повеќе од 90 независни PR и комуникациски агенции со присуство во повеќе од 60 земји, а ИДЕА ЛАБ е единствениот нејзин партнер од Македонија.