МВР информира дека денеска Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе шест кривични пријави по член 201 став 1 од КЗ (запуштање и малтретирање дете) против Е.А и А.М, Е.С., Р.С. и Р.Г., С.А., В.И. и Ѓ.И., А.Т. и Т.Т., поради тоа што малолетните деца на пријавените лица извршиле кривично дело по чл. 386 од КЗ односно поради физички напад врз 13-годишната малолетничка во Ѓорче Петров.
Претходно, во врска со овој случај, на 29.04.2026 ЕВР Ѓорче Петров до ОЈО Скопје поднесе и кривична пријава против четири малолетнички.
Станува збор за случај од март кога бруталноста и изживувањето врз жртвата ја потресоа македонската јавност.
Од училиштето за медиумите изјавија дека кон насилничките се преземени соодветни укори додека една од девојчињата се уште не посетува настава туку истата ја следи онлајнж