Синоќа во главниот град на Тирана се одржа масовен протест на опозицијата кој прерасна во насилни судири меѓу демонстрантите и полицијата. Протестот беше организиран од Демократската партија на Албанија предводена од Сали Бериша, при што учесниците побараа оставка од премиерот Еди Рама.
По говорите пред зградата на Владата, дел од демонстрантите се упатија кон Министерството за внатрешни работи, но беа запрени од полициски кордон, кој употреби водени топови и солзавец за да ја растера толпата. Во текот на ескалацијата, демонстрантите фрлаа молотови коктели кон полициските сили, што дополнително ја влоши ситуацијата во центарот на градот. Полицијата одговори со засилени мерки за контрола на толпата.
Албанските медиуми јавуваат дека неколку главни улици во Тирана биле блокирани за време на немирите, што предизвикало застој во сообраќајот. Според информации од Албанска полиција, покренати се кривични постапки против најмалку седум лица поврзани со насилството за време на протестот.