Хамнеи со жестока закана до САД: „Подготвуваме лекција што никогаш нема да ја заборават“

Иранскиот врховен лидер Мојтаба Хамнеи испрати остра порака до Вашингтон по напуштањето на меморандумот со САД, најавувајќи „незаборавен одговор“ на американските напади.
epa12796159 A handout photo made available the Iranian supreme leader office shows Mojtaba Khamenei, one of the children of Iran’s slain supreme leader Ayatollah Ali Khamenei, during a ceremony 03 October 2024 (issued 05 March 2026). EPA/HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Иранскиот врховен лидер и ајатолах Мојтаба Хамнеи испрати остра порака до Соединетите Американски Држави, откако Техеран официјално објави дека се повлекува од Меморандумот за разбирање со Вашингтон. Во своето обраќање, Хамнеи порача дека Иран и неговите сојузници подготвуваат „незаборавна лекција“ за САД доколку продолжи ескалацијата на конфликтот.

Во првиот дел од говорот, Хамнеи се осврна на погребот на својот татко, Али Хамнеи, оценувајќи дека милионите граѓани кои присуствувале покажале единство и решеност за зачувување на исламскиот и иранскиот идентитет.

„Топлината на вашите срца, солзите и непоколебливата волја на десетици милиони луѓе ги воодушевија пријателите на Иран и слободните народи во светот, додека непријателите ги исполнија со страв, бес и збунетост“, изјави Хамнеи.

Тој остро ги критикуваше Соединетите Американски Држави, обвинувајќи ги дека повеќепати ги прекршиле обврските од Меморандумот за разбирање, кој претходно овозможи привремено намалување на тензиите.

„Потписот на американскиот претседател е целосно безвреден и без никаков кредибилитет“, рече Хамнеи, додавајќи дека Вашингтон повторно покажал дека не ги почитува договорите и не може да му се верува.

Според него, САД со новите воени потези се обидуваат дополнително да го ескалираат конфликтот, но Иран и таканаречениот „Фронт на отпорот“ веќе имаат подготвен одговор.

„Иранскиот народ и Фронтот на отпорот имаат подготвено незаборавни лекции за американскиот непријател“, порача ајатолахот, наведувајќи ја, како пример, храброста на иранските борци во јужните делови на земјата во изминатите денови.

Хамнеи нагласи дека во овој момент најважно е зачувувањето на националното единство и достоинството на иранскиот народ.

„Ќе останеме будни и активно присутни на терен“, порача тој.

Изјавата на Хамнеи доаѓа непосредно по одлуката на Техеран да се повлече од Меморандумот за разбирање со САД, во услови на нова ескалација на судирите на Блискиот Исток и засилени американски воздушни напади врз ирански цели.

е-Трн да боцка во твојот инбокс