Во време кога изборот на факултет е една од најважните одлуки за иднината на младите, сè повеќе македонски матуранти се одлучуваат за студии кои покрај диплома нудат и практично искуство, директна поврзаност со компаниите и подобри можности за вработување.
Хајделберг Факултетот во Скопје го имплементира германскиот модел на високо образование во Македонија, овозможувајќи им на студентите да стекнат европска – германска универзитетска диплома преку соработка со Универзитетот Провадис од Франкфурт.
Станува збор за првиот и единствен факултет во земјата што работи според ваков концепт, со студиски програми насочени кон едни од најбараните професии на современиот пазар на труд: Бизнис администрација, Банкарство, Осигурување, Контролинг и Дигитален маркетинг.
„Со Хајделберг Факултетот во Скопје не пренесуваме само знаење, туку го интегрираме докажаниот германски систем на високо образование директно во Македонија. Тоа е систем кој обезбедува стабилност, прецизност и квалитет според највисоките европски стандарди“, истакнува проф. д-р Улрих Цајтел, претседател на Бордот на директори од Германија.
Една од најголемите предности е дуалниот модел на образование, кој ги поврзува студентите со компаниите уште за време на студирањето. Така, покрај теоретската настава, тие стекнуваат практично искуство преку работа во реална деловна средина.
Преку новоформираниот Бизнис совет на Хајделберг, во кој членуваат водечки компании од земјата, студентите добиваат можност за платени практикантства, работни ангажмани и директен контакт со бизнис-секторот уште во текот на студиите. Овој пристап им овозможува да изградат професионални вештини, работно искуство и финансиска независност уште пред дипломирањето.
„Нашата мисија е да им овозможиме на младите да стекнат врвна европска диплома без да ја напуштат Македонија, а на нивните родители да им понудиме сигурност дека инвестираат во образование кое создава реални можности за успешна кариера“, нагласува проф. д-р Синиша Наумоски.
За академската 2026/2027 година Хајделберг Факултетот ќе запише најмногу 30 студенти, со цел да обезбеди индивидуален пристап и висок квалитет на наставата. Од факултетот информираат дека во моментов се слободни уште само 10 места, поради што заинтересираните матуранти се повикуваат навреме да ја започнат постапката за упис.