Гужви на границите: До еден час задржување на Богородица и Табановце

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е зголемен, а АМСМ предупредува и на можни одрони низ клисурите.

На граничните премини Богородица за излез од земјата и на Табановце за влез и излез, времето на чекање утрово е од 40 минути до еден час, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). На останатите гранични пунктови нема подолги задржувања, а сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини бележи раст. Патниците кои патуваат кон Грција или транзитираат низ северната граница се соочуваат со задржувања од речиси еден час.

На останатите гранични премини од македонска страна засега нема регистрирано поголеми колони или застои при пасошката и царинската контрола.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина, строго почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно управување со возилата. Посебна претпазливост е потребна на делниците низ котлините, речните долини и клисурите каде постои опасност од појава на одрони.

Ова предупредување особено се однесува на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

е-Трн да боцка во твојот инбокс