Саудиска Арабија и Уругвај одиграа нерешено 1:1 во натпревар исполнет со шанси, темпо и драматичен финиш на „Хард Рок“ стадионот во Мајами. Иако Уругвај беше фаворит и создаде повеќе прилики, Саудијците први дојдоа до водство пред полувремето. По подобра игра во завршницата на првиот дел, погодок постигна Абдулале Ал Амри, кој ја искористи конфузијата во одбраната и го совлада голманот Муслера.
Во второто полувреме Уругвај целосно ја презеде иницијативата и упати дури 22 удари кон голот, но голманот Мохамед Ал Оваис, член на саудиски второлигаш, имаше извонредна вечер. Тој редум ги одбрани обидите на Винја, Угарте и Де ла Круз, држејќи ја својата екипа во игра.
Притисокот на Уругвај конечно вроди со плод во 80. минута, кога Макси Араухо го израмни резултатот по асистенција од Винја. Во самиот финиш, Ал Оваис повторно реагираше одлично и спречи целосен пресврт, обезбедувајќи вреден бод за Саудиска Арабија. По првото коло, сите селекции во групата остануваат со по еден бод, што најавува неизвесна борба за пласман понатаму.