Голем пожар во Железара

Попладнево околу 17 часот избувна пожар во деловни простории во кругот на фабриката „Железара“ во Скопје.

Според информациите од скопската Противпожарна единица, станува збор за канцеларии на приватна фирма. Екипите на пожарната се на терен и во моментов интервенираат за локализирање на огнот.

Од пожарната засега не информираат што точно има во просториите, бидејќи објектот сè уште е во пламен.

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа густ чад над објектот.

Повеќе информации се очекуваат по завршувањето на интервенцијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс