Голем пожар во Радовиш: Огнот зафати погони и машини во поранешен „Декортекс“

Голем пожар вечерва избувна во кругот на поранешен „Декортекс“ во Радовиш. Во гаснењето се вклучени пожарникари од неколку градови и доброволни противпожарни друштва.

Голем пожар вечерва избувна во Радовиш, во кругот на поранешната фабрика „Декортекс“, каде што огнот зафатил производствени погони и машини. Според првичните информации, пожарот започнал во доцните попладневни часови, а густ чад и пламен брзо се прошириле низ објектите.

На терен интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица од Радовиш, а поради сериозноста на ситуацијата на помош биле повикани и пожарникари од Струмица, како и доброволните противпожарни друштва од Злеово и Конче.

Гаснењето на пожарот сè уште е во тек, а засега нема информации кога огнената стихија би можела целосно да биде ставена под контрола. Надлежните институции засега не соопштуваат детали за причините за избувнувањето на пожарот, ниту дали има повредени лица.

е-Трн да боцка во твојот инбокс