Голем пад на цената на дизелот од денес: Возачите ќе плаќаат 6,5 денари помалку по литар

Голем пад на цената на дизелот од денес: Возачите ќе плаќаат 6,5 денари помалку по литар

Од денеска стапуваат на сила новите цени на горивата. Дизелот поевтинува за 6,5 денари по литар, додека бензините бележат благо поскапување од 50 дени.

Од денеска возачите во Македонија точат гориво по нови цени. Најголемата промена е кај дизелот, кој поевтинува за 6,5 денари по литар, додека бензините добиваат минимално поскапување од половина денар.

Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, новите максимални малопродажни цени изнесуваат:

  • ЕУРОСУПЕР БС-95 – 88 денари за литар
  • ЕУРОСУПЕР БС-98 – 90 денари за литар
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС – 85,50 денари за литар
  • Екстра лесно масло за домаќинство – 87,50 денари за литар

Намалување има и кај мазутот М-1 НС, чија цена се коригира надолу за 3,238 денари по килограм и ќе изнесува 47,906 денари.

Од Регулаторната комисија објаснуваат дека новата пресметка е резултат на движењата на светските пазари, каде во изминатиот период беа забележани значителни намалувања на референтните цени на нафтените деривати. Кај бензините е регистриран пад од повеќе од 10 проценти на берзите, додека кај дизелот и екстра лесното масло исто така е забележано двоцифрено намалување.

За граѓаните и транспортниот сектор, најзначајна е корекцијата кај дизелот, кој повторно се спушта под цената на бензините и носи директно намалување на трошоците за превоз и логистика

е-Трн да боцка во твојот инбокс