Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон откако во осминафиналето го совлада Роман Сафјулин со 3:1 во сетови (7:6, 6:3, 3:6, 6:3). Иако важеше за голем фаворит, српскиот тенисер до победата стигна потешко од очекуваното. По освоените први два сета, Сафјулин успеа да го добие третиот, но Ѓоковиќ не дозволи изненадување и со сигурна игра во четвртиот сет го завери местото меѓу најдобрите осум.
Со пласманот во четвртфиналето, Ѓоковиќ заработи 480.000 британски фунти, односно околу 560.000 евра.
Доколку избори место во полуфиналето, ќе инкасира 900.000 фунти. Финалистите ќе добијат по 1,8 милиони фунти, додека победникот на турнирот ќе заработи 3,6 милиони фунти.