Ѓоковиќ елиминиран од Шангај, пак падна на 11. место на АТП листата

Со елиминацијата српскиот тенисер одново испадна од топ 10 на АТП листата и од понеделник ќе биде рангиран на 11то место

Новак Ѓоковиќ го заврши настапот на мастерсот во Шангај уште во својот прв меч. Само три дена по освојувањето на титулата во Пекинг, српскиот тенисер загуби од Хуберт Хуркач со 6-4, 6-3 во второто коло.

Полјакот ја оствари првата победа над Ѓоковиќ во нивниот деветти меѓусебен дуел, прекинувајќи ја серијата од осум порази. Со сигурен сервис, 13 аса и 28 директни поени, Хуркач избори пласман во третото коло.

Со елиминацијата српскиот тенисер одново испадна од топ 10 на АТП листата и од понеделник ќе биде рангиран на 11то место

Ѓоковиќ по мечот кажа дека не успеал да се приспособи на играта на противникот. Објасни дека по едно губење на сервисот во двата сета било доволно за пораз, бидејќи сервисот на Хуркач бил исклучително тежок за враќање.

Четирикратниот шампион во Шангај го оцени дуелот како тежок предизвик за почеток на турнирот. Хуркач, пак, се врати на овој мастерс првпат по освојувањето на титулата во 2023 година.

Раната елиминација дојде по успешната недела на Ѓоковиќ во Пекинг, каде што го освои својот 102. трофеј на турнирите од АТП-турнејата. По поразот најави краток одмор и подготовки за завршницата на сезоната во сала.

Ѓоковиќ кажа дека планира да настапи во Париз и дека сака да обезбеди место на завршниот АТП-турнир во Торино. За таа цел ќе му биде потребен добар резултат на парискиот мастерс.

е-Трн да боцка во твојот инбокс