Во текот на бременоста, потребите за вода кај женското тело значително се зголемуваат, а хидратацијата не е само секојдневна навика, туку клучен фактор за здравјето на мајката и правилниот развој на бебето, објаснува д-р Славјанка Стојковски, гинеколог.
Таа нагласува дека амнионската течност, зголемениот волумен на крв и плацентарната циркулација директно зависат од соодветен внес на течности. Недоволната хидратација може да влијае врз целокупниот тек на бременоста и функционирањето на организмот.
„Во просек, бременa жена треба да внесува од 2,3 до 2,5 литри вода дневно, односно околу 8 до 10 чаши вода. Во летните месеци овие потреби дополнително се зголемуваат“, вели д-р Стојковски.
Според неа, важно е жените да ги препознаат знаците на дехидратација, кои најчесто вклучуваат главоболка, замор, темна урина, намалено мокрење и констипација. Овие симптоми не треба да се игнорираат, бидејќи можат да укажуваат на нарушена рамнотежа на течности во организмот.
Дехидратацијата во бременост може да доведе до посериозни последици, како зачестени уринарни инфекции, појава на контракции, намалување на амнионската течност и општо влошување на хемодинамскиот статус.
Посебен акцент д-р Стојковски става и на изборот на вода. Таа препорачува Роса, нискоминерална вода бидејќи на тој начин се избегнува дополнително оптоварување на бубрежниот систем, кој и онака работи засилено во текот на бременоста.
„Правилната хидратација е едноставна, но исклучително важна превентивна мерка која директно влијае на здравјето на мајката и бебето“, порачува д-р Стојковски.