Германија воведе строги казни: Лажното преземање сообраќајни прекршоци чини до 30.000 евра

Германија воведе строги правила против лажното преземање сообраќајни прекршоци. Казните достигнуваат до 30.000 евра и важат и за странските возачи.

Германија воведе построги мерки против лажното преземање одговорност за сообраќајни прекршоци. Според новите правила, секој што ќе се обиде да пријави друго лице како сторител на прекршок наместо вистинскиот возач може да биде казнет со сума до 30.000 евра.

Досега дел од возачите користеле посредници за да најдат лица кои за надомест ќе ја признаат вината, ќе ја платат основната казна и ќе ги преземат казнените бодови или забраната за управување, додека вистинскиот прекршител останувал без последици.

Со прописите што стапија во сила на 1 јули 2026 година, германските власти ги санкционираат не само вистинскиот возач, туку и лицето што лажно ја презема вината, како и секој посредник вклучен во таквата постапка.

Благодарение на европскиот систем за размена на податоци, германските институции можат да побараат информации и за сопственици на возила регистрирани во други земји, па правилата важат и за странските возачи.

Во меѓувреме, Европската Унија работи на примена на правила со кои одредени забрани за управување со возило ќе се признаваат во сите земји-членки, што дополнително ги намалува можностите за избегнување одговорност.

е-Трн да боцка во твојот инбокс